Вести Македонија Топ вести

Филипче: Вакицнацијата е силно оружје против пандемијата, но здравствените мерки и понатаму мора да се почитуваат

Вакцината на кинескиот производител Синофарм е класичен модел на вакцина, министерот за здравство д-р Венко Филипче, на вчерашната пресконференција ги објасни карактеристиките на оваа вакцина со која ќе започне имунизацијата против Ковид 19 во нашата земја.

-Вакцината е добиена на технологија на ослабнување (инактивирање) на целиот вирус, постапка која се користи со децении за добивање на класични вирусни вакцини.

Овој тип вакцини има оптимален однос помеѓу безбедноста и ефикасноста, токму поради тоа може да се дава на сите граѓани, без ограничување по било кој основ.

Се чуваат на стандарден режим од 2 до 8 степени и тоа од аспект на логистика и дистрибуција, значително ја олеснува нивната примена. Дополнително, вакцините ги добиваме во формулација на претходно наполнет шприц, што ја олеснува и  самата апликација на вакцината – изјави министерот.

Оваа вакцина повеќе од 2 месеци веќе се дава во други земји: Кина, Обединети Арапски Емирати, Јужна Америка…, досега се дадени повеќе милиони дози, со потврдена ефикасност над 90% и безбедност во смисла на многу мал процент на несакани реакции.

-За секој граѓанин кој ќе ја прими првата доза, веднаш ќе биде резервирана и втората што треба да ја прими по 21 ден, што значи дека од првата пратка имаме две дози за вакцина и ревакцина за 100.000 лица. Заштита од оваа доза се обезбедува со две дози вакцина – објасни Филипче.

Конкретно за оваа вакцина на Синофарм, термините за вакцинација во ЈЗУ-а ќе бидат на 10 минути, по пациент. ЈЗУ-ата ќе работат во две смени со цел да се постигне што повисока стапка на вакцинација на дневно ниво. Со набавката на вакцината на Синофарм обезбедена е  доволна количина за вакцинацина во следните 6 до 7 недели од моментот на започнување на вакцинацијата. Според најавите од Ковакс механизмот и производителот Фајзер, очекуваме во тој период пристигање и на дел од тие обезбедени вакцини, за што здравствениот систем е подготвен за прием, дистрибуција и вакцинација. Министерот Филипче, упати апел до граѓаните во ризичните групи да се вакцинираат во што поголем број како би ги заштитиле од ризик.

-Да не заборавиме целта на вакцинацијата е намалување на смртноста кај ризичните групи.Би сакал да потенцирам дека сите вакцини кои се на пазарот се развиени на безбедни платформи, односно се безбедни за граѓаните – изјави Филипче.

Имунизацијата е силно оружје во борба против ковид пандемијата, но и понатаму задолжително треба да се почитуваат другите јавно здравствени мерки од страна на сите граѓани- носење на заштитна маска, одржување на физичка дистанца и хигиена, порача министерот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нетанјаху: Нема да дозволам Иран да се вооружи со нуклеарно оружје

Дејан Дејан

СДСМ поднесе 82 амандмани на законите за судска и јавнообвинителска служба по критиките на вработените за предложените решенијата

Дејан Дејан

Уште еден осомничен за злоупотреби во Фудбалската федерација на Македонија, доби притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе