Вести Економија Топ вести

Деблокирање на сметките на 180.000 граѓани приоритет во петиот сет владини мерки

Отписот на каматите кој ќе опфати најмалку 180 илјади граѓани ќе биде најголемата финансиска помош во најавениот пети пакет мерки на Владата а финансиска поддршка за плати ќе има но дали ќе биде како досега или пак ќе се премине на бескаматни кредити останува да се договори со коморите.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, најави дека петиот пакет на економски мерки ќе биде донесен наредната недела и додотгаш ќе завршат сите консултации. Како директна помош за граѓаните ќе биде отпишувањето на каматите од долговите кон јавните претпријатија поради кои 180 илјади граѓани имаат блокирани сметки. Според Битиќи во некои случаи тие неколкукратно ја надминуваат висината на основниот долг и затоа мора да се реагира. Исто така се предвидуваат и ваучери за граѓаните но дополнително ќе се потврди дали ќе бидат за туризам или за некоја друга намена.

Финансиската поддршка за исплата на плати ќе продолжи, но кој модел ќе се примени зависи од преговорите меѓу Владата, коморите и синдикатите. Во игра се две опции, постоечката односно субвенционирање и бескаматни кредити.

Од најавените една милијарда евра финансиска помопш за компаниите и граѓаните со досегашните економски мерки е исплатена една третина или 350 милиони евра, а неуспехот според вицепремиерот се должи на недостаток на политичка воља.

Според официјалните информации кои ги соопшти Битиќи, бројот на вработени чии плати биле поддржани со економските мерки опаѓал од месец во месец, па така од почетните 120 ијади во април во декември субвенционирани биле платите на 60 илјади вработени.

Огнен Чанчаревиќ

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Свежо цвеќе на гробот на Гоце Делчев – одбележана 121 годишнина од неговото загинување 

Дејан Дејан

Шест деца се ранети денеска во руски напад врз регионот Харков

Дејан Дејан

(видео)Запален Куранот и палестинското знаме во Малме, каде се одржува Изборот на песна за Евровизија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе