Вести Македонија

МНР го повлече предлогот за амбасадор во Србија, се прави нова распределба на амбасадори

Македонската амбасада во Србија ќе почека на нов шеф, бидејќи денеска постапката за именување на Васко Грков за амбасадор таму му беше прекината на барање на Министерството за надворешени работи. Грков чие име дојде од професионалниот кадар на МНР, денеска требаше а ги брани своите амбасадоркси тези пред Комисијата за надворшена политика, но со допис од МНР до Собранието на кој е потпишан министерот, Бујар Османи, побарано е негово повлекување од дневниот ред на Комисијата.

„Известуваме дека се прекинува постапката за Васко Грков за вонреден и ополноможен амбасадор на Република Северна Макеоднија во Белград, Република Србија“.

Со тоа амбасадата во Србија се врати на листата на се уште упразнети амбасадорски места на кои се наоѓаат и Вашингтон, Софија, Анкара, Мисијата во ОН во Њујорк.
Објаснувањето од МНР за повлекувањето на името на Грков за иден амбасадор е дека се подготвува нова распределба на позиции за амбасадори.

„Министерството за надворешни работи е во фаза на нова распределба на позициите за амбасадори и затоа се очекува да има нови решенија во неколку амбасади. Прераспределбата се реализира врз основа на нови проценки на Владата на Република Северна Македонија и на реалните потреби и состојби“, се наведува во одговорот од МНР за Телма.

Одговорот од МНР отвора дилема дали освен за амбасадата во Србија ќе се ревидираат и други имиња на амбасадори, иако досега процедурата е прекината само за Грков.

Седум други идни амбасадори денеска ја завршија постапката за упатување пред собраниската Комисија за надворешна политика, со што се заокружи бројката од 15 новоименувани амбасадори кои по чекање од една година ги одбранија своите амбасадорски тези во Собранието. Со нив ќе се пополниат упразнети позиции за шефови на ДКП-а во Чешка, Јапонија, во Совет на Европа во Стразбур, во Канбера – Австралија, во Холандија, Естонија и Грција.

„Оние што досега стигнале до Собранието поминаа пред Комисијата за надворешна политка во Собранието, нема други, но сотануваат уште добар број на битни испразнети места каде што Македонија се уште нема свои амбасадори и сметам дека тоа треба во најскоро можно време да се корегира, бидејќи се многу важни овие дипломатски места“, вели Милошоски.

Пред неколку недели шефот на дипломатиија најави дека консултации со претседателот на државата за пополнување на преостанатите амбасадорски места, за што Милошоски вели дека Комисијата нема информации до каде е процесот, но со став дека тоа треба што побрзо да се заврши. За денешното прекинување на постапката за Грков освен дописот од МНР Комисијата, информира Милошоски, не добила повеќе детали зошто е тоа направено.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Воспоставена нова авиолинија Виена – Охрид

Дејан Дејан

Евакуација на Евија по голем пожар, огнената стихија ставена под контрола

Дејан Дејан

Проектот на Кушнер ја разгорува кризата во Албанија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе