Вести Македонија Најважни

Го бараа во Швајцарија, го откри партнерката во Бугарија за семејно насилство, а во Македонија убиец -како е фатен избеганиот „тигар“ Спасов во Софија

Насилниот убиец на Мартин Нешковски и поранешен припадник на специјалната единица Тигар во Софија е уапсен по повик за семејно насилство, објави бугарското национално радио.

Жената со која Игор Спасов живеел во софиската населба Младост, во нејзин стан, се јавила во полиција и го пријавила избеганиот убиец за физички напад и малтретирање. Тој при расправата ја избркал љубовницата од нејзиниот стан, а соседите ја слушале расправат по што барале помош од полиција.

Полицијата стигнала во населбата Младост,  во станот каде се криел бегалецот. По проверката на документите бугарските полицајци утврдиле дека пријавениот за семејно насилство е всушност на потерница и на Интерпол за издржување на 14-годишна затворска казна за убиство. Тогаш се известени македонските власти по што ќе следува и формално известување.

МВР го известува Министерството за правда, по што во министерството почнуваат да ги подготвуваат документите за есктрадиција за кои се надеваат дека ќе ќе бидат испратени од Скопје во Софија за две недели.

Портпаролот на министерството за правда Александар Видиновски вели дека пред две недели имале информација дека Спасов се криел во Швајцарија, каде наводно бил виден во таа држава. Но потоа швајцарската полиција ги известила македонските надлежни органи дека лицето не може да го лоцираат.

-До швајцарските власти доставивме барање за екстрадиција, но тие не известија дека повеќе не може да го лоцираат таму ова лице, за сега да се појави во Софија, рече Видиновски од Министерството за правда.

Бугарските медиуми објавија дека бегалецот се криел првин во Турција, а потоа стигнал во Бугарија. Сега се истражува како ја преминал турско-бугарската граница.

Спасов избега есента 2019-та кога беше откриено дека со судска дозвола поради здравствени проблеми не се вратил на издржување на затворската казна во Идризово. Има одлежано половина казна.

Спасов беше осуден на 14 години затвор за убиството на Мартин Нешковски на скопскиот плоштад за време на прославата на изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ во 2011-та. Иако не бил ангажиран за обезбедување на прославата бил повикан од обезбедувањето на Никола Груевски. Специјалецот тигар беше уапсен по два дена, а случајот и натаму е политички актуелен. Освен Спасов никој друг од тогашните полициски структури.

Не одговараше досега ниту никој од судските структури во Штип кои му дадоа медициснко боледување за да не се враќа во затвор поради неможност да се движи, а Спасов и покрај ваквите судски дозволи им избега. Судот во Штип не проверувал каква е состојбата на Спасов, тој наместо да им донесе документи избегал преку границата.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Проектот на Кушнер ја разгорува кризата во Албанија

Дејан Дејан

Трагедија во Франција: Загина еден од основачите на „Ubisoft“

Дејан Дејан

Во израелски напад загина снимател на Ал Џезира

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе