Вести Македонија

ВМРО ДПМНЕ не се откажува од собирање на потписи укинување на законот за попис

ВМРО-ДПМНЕ не се откажува од собирање на потписи за укинување на законот за попис. Правната процедура почнува утре и трае повеќе од 20 дена, по што собирањето на граѓанските потписи се очекува да почне на почетокот на март.  Иако иницијативата може да ја поднесе и само еден пратеник, од партијата ќе собираат 10.000 граѓански потписи за, како што велат,  да не може власта да го игнорира незадоволството, но и сомнежот дека резултатите од пописот се договорени. Доколку сепак, се случи тоа, предлагаат пописот да се врши исклучиво електронски.

Комбинираниот модел што го нуди власта за нив е хибрид кој исто така ја загрозува безбедноста на граѓаните, затоа што тоа повторно би значело одење на врата од страна на попишувачите и барање на матичен број.  Но, од власта не се откажуваат од идејата.

Рокот за собирање на потписите е 30 дена. Ќе се собираат преку подрачните единици на министерството за правда.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Воспоставена нова авиолинија Виена – Охрид

Дејан Дејан

Евакуација на Евија по голем пожар, огнената стихија ставена под контрола

Дејан Дејан

Проектот на Кушнер ја разгорува кризата во Албанија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе