Вести Свет

Апсења за време на судењето на Навални

Руската полиција уапси повеќе од 200-те поддржувачи на рускиот опозициски лидер, Алексеј Навални, кои протестираат пред судот. Утринава тој беше донесен во судот каде се одлучува дали неговата условна казна да се замени со затворска од три ипол години. Полицајците на коњи ги брка демонстрантите.

Навални беше уапсен на 17-ти јануари откако се врати од Германија, каде се лечеше заради труење со нервниот гас новичок. Институцијата за кривични санкции во Москва, го обвини Навални дека ја прекршил условната казна со тоа што не им се јавил, но тој објасни дека не бил во можност, затоа што во Берлин бил во болница каде се опоравувал од труењето. Апсењето на Навални предизвика масовни протести низ цела Русија, а полициската бруталност додека се приведуваа демонстрантите ја осуди целата меѓународна заедница. Но, за Кремљ, акцијата на полициските сили, како и денешното апсење е оправдано.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Воспоставена нова авиолинија Виена – Охрид

Дејан Дејан

Евакуација на Евија по голем пожар, огнената стихија ставена под контрола

Дејан Дејан

Проектот на Кушнер ја разгорува кризата во Албанија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе