Свет

Навални осуден на 3,5 години затвор

Судот во Москва го осуди на 3 ипол годишна затворска казна рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, поради прекршување на претходната условна казна за финансиска проневера. Навални се наоѓа во притвор од враќањето во Русија по лекувањето во Германија поради труењето со нервниот агенс Новичок.

Според пресудата 44-годишниот опозиционер е осуден за избегнување на условната слобода откако во август беше отруен со нервниот агенс „Новичок“. Два дена по труењето, тој беше префрлен на лекување во Германија, во коматозна состојба.
Но, руските власти сметаат дека неговото непријавување во периодот додека бил на лекување претставува повреда на условната казна.

Неговите подржувачи се обидоа да протестираат против пресудата но беа спречени од полицијата. Според наводите на западните медиуми повеќе од 300 лица биле уапсени.

Навални претходно ги исмеа обвинувањата и го навреди рускиот претседател Владимир Путин, нарекувајќи го „мал крадец“.

Причината за се што се случува е омразата и стравот на една личност која што живее во скривница затоа што јас длабоко го навредив, само затоа што го преживеав обидот за атентат кој тој го нареди, рече тој во судницата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

САД и Иран на преговори во Швајцарија во сенка на нови тензии

Дејан Дејан

Евакуација на Евија по голем пожар, огнената стихија ставена под контрола

Дејан Дејан

Проектот на Кушнер ја разгорува кризата во Албанија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе