Македонија Најважни

ИЈЗ: Починале помалку се заразиле повеќе, процeнтот на заболени од тестирани ист и во зминатата недела

64 лица го загубиле животот од ковид, 18 градови завиени во црно заради починати изминатата недела. Најмладиот на 40 години, ¾ повозрасни од 60 години. Бројот на починати се намалил за 7,2 проценти се неведува во деталниот извештај на институтот за јавно здравје за минатата недела додека, пак, процентот на заразени од тестирани се задржал на 14 проценти, но скокнала бројакта на пзотивни за 17.0 отсто. Короната нјамногу се ширела во Скопје, па во Демир Капија. Половина од тешко болните сместени на клиниките во главниот град. Половина од капацитетите зафатени со пациенти со кислородна поддршка.

Министерство за здравство: „Вкупно 255 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 334 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 589 и има околу 500 празни болнички кревети во ковид центрите. “

Но, каков сој и мутација на корона вирусот е причина за новозаразените и хоспиталзиираните  пацинети главната лабараторија во МАНУ сеуште нема одгвоор бидејќи трае анализата на податоците. Британската мутација на вирусот е одмаќинета во земјава, зема една жртва, и е најдена кај двајца други пациенти. Здравствените научници препознават 20 соја, две доминатни мутации. Но доколку вирусот дополнително измутира нема да може повеќе да се детектира, полесно ќе се шири, а под знак прашање е дали постоечките вакцини ќе ја фаќаат мутацијата, објасни претходно директорот на институт за имунологија.

Петличковски, пак, за телевизија 24 денеска потсети дека британскиот сој со месеци е присутен во земјата, нема разлика во клиничката слика и дека е потребно брза вакицинација за да се заштите населението со колективен имунитет. Доцна е за воведување на рестрикции кои ништо не би смениле, додава Петличковски.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Над 11.000 слободни места за втор уписен рок во средните училишта

Дејан Дејан

Македонски државјанин призна убиство на Гркинка на Крит

Дејан Дејан

Истрага за полов напад врз малолетно лице во Штип

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе