Народниот правобранител е во функција токму да ја вознемири власта кога има основани сомненија дека се повредени законски утврдените права и слободи на граѓаните, и должност е на народниот правобранител тоа да го прави а не да се труди да не ја вознемирува власта, порача новоизбраниот омбдусман Насер Зибери во гостувањето на Топ Тема на Телма.
Народниот правобранител има должност да биде коректор на власта. Кога велам на власта пред се мислам на органите на државната и јавна администрација, на единиците на локалната самоуправа и другите органи и организации кои вршат јавни овластувања, рече Зибери.
