Вести Македонија Топ вести

Професионалните војници после 45-тата ќе можат да продолжат и како пожарникари

Професионалните војници кои ќе навршат 45 години и по закон мораат да ја напуштат АРМ добиваат уште една можност да продолжат со работа во државните институции. За нив се отворени места во противпожарните единици како спасители а оваа опција веќе ја избрале 16 војници. Трансферот во државните институции професионалните војници кои ја исполните возрасната граница продолжува а за нив се предвидени места во Управата за извршување на санкции како затворски надзорници и како судска полиција.

Државниот секретар во министерството за одбрана, Драган Николиќ, информираше дека измените во Законот за служби предвидуваат професионалните војниците по завршување на службата во Армијата со навршени 45 години да имаат избор меѓу продолжување на својата кариера во  државната администрација или да им биде исплатена отпремнина во висина од 1.000 евра за секоја година во Армијата или максимални 25 илјади евра

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Кармина Бурана“ е почеток на долга соработка – рекоа од македонската, софиската филхармонија и грчкиот оркестар пред вечерашниот настап

Дејан Дејан

Парада на гордоста во Скопје: Протест против молкот и лажното прифаќање

Дејан Дејан

СДСМ: Чекањето на границите со ЕУ е огледало на политиката на Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе