Вести Македонија Топ вести

Радев: Не е доволно само давање пасоши на Бугарите во Македонија

Само давањето бугарски пасоши не е доволно за ширење на бугарското економско и културно влијание во Македонија, а граѓаните со бугарски пасош во земјава живееле во страв и не се самоопределувале како Бугари. Ова го изјави бугарскиот претседател, Румен Радев, говорејќи денеска за спорот меѓу Софија и Скопје, а според кого на Бугарија и се потребни нови конкретни политики за како што вели „бугарското општество преку границата“.

„Спор што се појави оваа година меѓу Бугарија и Северна Македонија само ги потврди тезите на кои потпретседателот долго време укажува дека само давањето на државјанство не е доволен услов за успешна работа со нашето општество зад границата. Гледате дека ние не успевме да го рашириме ни економското и културното влијание кај нашиот сосед. Гледате дека граѓаните со бугарски пасоши во Северна Македонија се уште не се чуствуваат како граѓани со самоопределба дека се Бугари и се уште живеат во страв“, изјави Радев.

Радев кој доаѓа од редовите на опозициската социјалистичка патија, ја обвини актуелната влада на Бојко Борисов, дека дека не успеле да спроведат активна политика за аргументирано претставување на бугарските позиции пред партнерите во Европската унија.

Радев кој најави дека ќе се кандидира за нов претседателски мандат, денеска давајќи отчет за работата за изминатата година за себе и својата заменичка, Илијана Јотова, рече дека грижата за бугарското општество преку границите не може да се прави само со средби и преговори, туку со конкретна работа со нив, отворање на лекторати на бугарски јазик, промовирање на бугарската култура.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Финансиските пазари пред нови предизвици, ќе дојде ли времето на евтин пристап до финансии?

Дејан Дејан

Мицотакис бара апсолутно почитување на Договорот од Преспа

Дејан Дејан

Ќе се прегласува на седум избирачки места, висат два мандати на ДУИ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе