Македонија Топ вести

Проблемот со државната матура ќе се решава во Собранието

Државната матура да се состои од два предмета, а одредбите од Законот за средно образование да бидат привремени, односно да се однесуваат само на учебната 2020/2021. Ова е барањето на Сојузот на средношколци кое е упатено до сите пратеници во Собранието, од кои се бара да се иницираат измени со кои ќе се реши нивниот проблем. Подршка добија од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ а средбата се одржа во законодавниот дом.

ВМРО-ДПМНЕ смета дека секое одложување на решавање на проблемите може да има големи последици за средношколците. Апелираат да се води транспарентен дијалог за сите реформи во образованието.

Средношколците ќе ја бојкотираат наставата и во понеделник а дали така ќе продолжи и во наредниот период одлуката ќе ја донесе Генералното собрание на Сојузот. Јавно ќе информираат за сите притиоци кои ќе бидат вршени врз наставници, директори, ученици и институции.

Од Министерството за образование се децидни дека остапки нема да се прават, државната матура ќе се состои од 4 предмети кои ќе се полагаат по скратена програма. Како аргумент го посочуваат фактот што повеќе од 14 илјади ученици пријавиле полагање на државна матура.

Во испитната програма споредбено со минатите години по предметот Македонски јазик изоставени се само програми од четворица македонски автори, Ѓорѓи Абаџиев, Гане Тодоровски, Матеја Матевски и Влада Урошевиќ а од светската литература Достоевски со „Злостворство и казна“.  По предметот хемија исфрлена е само една содржина од периодниот систем на елементи која се однесува на формули за типични соединенија на елементи.

Јулијана Пешевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Еурактив: Се чини дека Северна Македонија ќе биде во судир со Грција и со Бугарија

Дејан Дејан

Најдоцна 20 дена по одржаните избори Собрание се состанува на конститутивна седница

Дејан Дејан

Најдоцна до 12 мај Собранието треба да ја прогласи Сиљановска Давкова за претседател, тогаш му истекува мандатот на Пендаровски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе