Македонија Најважни

Транспаренси: Пад за неколку места според индексот на коруоција Македонија на 111-то место

Македонија бележи пад на глобалниот индекс за перцепцијата на корупцијата за 2020 година од пет места, споредено со лани и е рангирана на 111 место од 180 земји, што е најлошо рангирање во последните 20 години, покажа годишниот извештај на Транспаренси интернешнл на глобално ниво. Македонијаа 111 место го дели со Босна и Херцеговина и се најслаби рангирани од целиот регион, како и со Панама и Монголија.

Најголемо опаѓање на индексот на перцепција на корупцијата се бележи во делот на владеењето на правото и правдата. Анализата на резултатите за 2020 година за Македонија, кои ги презентираше претседател на Транспаренси Интернешнл Македонија, Слаѓана Тасева, покажуваат дека мерките кои ги преземени од Владата, но и на другите институции, вклучително и на Собранието, судовите, незавнсите институции, за борба против корупцијата се недоволни и се во сфера на декларативното, без видливи резултати, пред се во делот на ефикасноста на судството и негова ефиксна реформа.

Најдобро рангирани земји на Индексот на перцепција за корупцја за 2020 година се Данска, Нов Зеланд и Финска, додека најлошо  рангирани се Сомалија и Јужен Судан. Од земјите на ЕУ најлошо рангирани се Унгариија, Романија и Бугарија кои се на 69 место на индексот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Кармина Бурана“ е само почеток на заеднички настапи на нашите оркестри – рекоа од македонската, софиската и грчката филхармонија пред вечерашниот настап

Дејан Дејан

Парада на гордоста во Скопје: Протест против молкот и лажното прифаќање

Дејан Дејан

СДСМ: Чекањето на границите со ЕУ е огледало на политиката на Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе