Вести Македонија Топ вести

Жртви на „Јавна соба“ сведочат за злоупотреби на нивни фотографии

Граѓани пријавија, МВР истражува, обвинителството на потег. Најхрхабра и најгласана Ана од Квадарци која јавно истапи и проговори како станала жртва на монструозноста на над 5000 членови на тајната група „Јавна соба“ преполна со експлицитни содржини, голотија, лаги и злоупотреба на телефонски броеви, слики и лични податоци.

Жртвата не верувала дека ќе стане прогононувана. Откако нејзината слика била објавена во групата, нејзиниот телефон неприкнато звонел од членови на „Јавна соба“ кои од неа барале сексуални услуги. Вознемирена, исплашена и лута, случајот го пријавила во одделението за сајбер криминал во МВР.

Граѓаните се сомневаат дека на платформата Телеграм за комуникација циркулираат најмалку три вакви затворени групи. МВР ги истражува , но Телегрма не им помага да за затвори, информираат од МВР.

„МВР презема активности за расчитување на случајот, а ќе продолжиме и со интензивните напори да се оствари и директна комуникација со платформата Телеграм која до сега демонстрира цеосна затвореност за соработка со владите на државите од која било земја.

Додека, возрасните говорат и пријавуваат, малолетните жртви молчат. Од невладиниот сектор апелеираат дека токму заради неказнивоста за овој вид интернет злоупотреби одново се повторува.

случајот јавна соба е на телеграм ги покажа на најголемите недостатоци на системот   ние сме една ретка држава која имавме толкава количина на кривични дела собрани на едно место имаше над 20 – 30 илјади членови, влегуваа, излегуваа ,стабилна бројка од 10 000 илјади ги гледа, ги коментира, и раскажува кои се девојките каде учат каде работат, вели Ирена Цветковиќ Коалиција ”Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници’.

МВР и во минатото се бореше со сајбер злоупотребите за вакви цели на граѓани. Тогаш основачот на групата призна, се зиивни и заработи кривичн пријава. Додека МВР и обивнителството водат истрага им порачаа на граѓаните што се жртви на ваква злоупотреба да пријави во најблиската полициска станица.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со лажни дијаманти измамил српски државјанин и му зел пари

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 27.04.2024

Дејан Дејан

Пендаровски: Истите луѓе кои упаднаа во Собрание, сега бараат власт, нивната кандидатка за претседател најавува нивна амнестија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе