Македонија Топ вести

Безбедност и подобри услови бараат невладините со новата образовна концепција

Образование, со кое децата со попреченост ќе се стекнат со знаења и вештини, со кои во иднина ќе можат да обезбедат егзистенција за себе, како и поголема безбедност во училиштата побараа од невладините организации, кои денеска разговараа со министерката за образование на тема – новата образовна концепција.За таа цел, велат, потребни се, пред се`, подобри услови.

Од невладините се надеваат дека, новите реформи ќе го намалат процентот на насилство и фактографското учење.

Министерката очекува дебатата да заврши до средината на февруари, по што најавува почеток на изработка на наставните програми и материјали.

До Министерството за образование досега пристигнале трисетина забелешки, а имаше и голем број отворени писма во медиумите од сите Институти и факултети во државата.

Далиборка Демјанска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парада на гордоста во Скопје: Протест против молкот и лажното прифаќање

Дејан Дејан

СДСМ: Чекањето на границите со ЕУ е огледало на политиката на Мицкоски

Дејан Дејан

Стојановски: Индустриското производство во пораст од 7,6%

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе