Вести Македонија Топ вести

Џудо тренер осомничен за сексуална злоупотреба на три малолетнички кои ги тренирал

Три малолетнички, членови на џудо клуб од Прилеп со шокантни сведочења. Сексуално ги злоставувал нивниот тренер. Скандалот сличен на оној кој во моментов ја тресе и Србија денеска го обелодени Обвинителството, според кое се работи за 46- годишен маж кој завршил во 30 -дневен притвор, поради дело Обљуба со злоупотреба на положбата. Според обвинителството се работи за продолжено дело бидејќи осомничениот тренер го повторувал во повеќе наврати и на повеќе жртви.

Осомничениот како тренер по џудо, од април до ноември 2020 година, во Прилеп и на други места, заради задоволување на полови страсти, со злоупотреба на својата положба извршил полови дејствија врз деца кои наполниле 14 години – ученички кои му биле доверени заради тренирање и воспитување, соопштија од ОЈО. 

Според информациите на Телма се работи за сопственик на клубот кој долго време опстојува во Прилеп, но не е единствениот џудо клуб. Адвокатот на осомничениот тврди дека една од спортистките која сега го пријавила всушност била и инструктор во клубот. Сепак адвокатот Жаре Стевановски не е уверен во веродостојноста на доказите, бидејќи, како што вели, целата истрага се темели само врз сведочења на девојчињата, а материјални докази нема. Не било одобрено ниту полиграфско тестирање на тренерот што според адвокатот би дало поинаква насока за истрагата.

Тој апелира јавноста да не избрзува со осуди, да се почитува презумцијата на невиност се додека трае истрагата. Од обвинителството само откриваат дека се работи за малолетнички, но кои имаат повеќе од 14 години, чиј идентитет како жртви е сокриен.

Инаку случајот кој сега ја шокира и нашата јавност, доаѓа во исто време кога соседна Србија ја тресе аферата со актерската школа на Мирослав „Мика“ Алексиќ.  За силување кое се случувало пред осум години го пријави сега веќе познатата актерка Милена Радуловиќ, по што се појавија уште десетина жртви кои биле штитенички на школата.

Билјана Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО/ВИДЕО: Превртен автомобил на Партизанска во Скопје

Дејан Дејан

Кој со кого ќе коалицира и кои се црвените линии на албанските партии за учество во новата влада

Дејан Дејан

Ковачевски: Разговараме со партии на повеќе нивоа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе