Вести Македонија Топ вести

Матурантите и денеска ја бојкотираат наставата

Второто полугодие се уште не е почнато за најголем дел од матурантите. Сојузот на средношколци уште од синоќа најави дека бојкотот, кој почна во четвртокот, ќе продолжи и денеска. Соопштија дека бројот на училишта кои бојкотираат се намалува бидејќи имале закани и притисоци од диреткотрите и наставниците во училиштата. Денеска инсистираат на средба со претсатвниците на државниот испитен центар. Но, ако нема резултати од оваа средба, а знаејќи го ставот на МОН, велат дека не сакаат да губат од часовите и ќе се вратат на настава. Во моментов во најголем дел од градовите се бојкотира наставата, но не и во Велес.

Државната матура е изборна, а нашата обврска како Министерство е да го обезбедиме правото на полагање на матура, посебо на оние ученици кои сакаат да го продолжат своето образование во високо образовни установи во нашата држава и надвор од неа, истакна денеска министерката за образование Мила Царовска на промовирањето на проектот за поставување на заштитни паравани во основните училишта во Општина Чаир.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Четврти ден од потрагата по двегодишната Данка Илиќ

Дејан Дејан

25 години затвор за „Кралто на крипто-валутите“ поради финансиска измама

Дејан Дејан

Следува период на стабилно, сончево и топло време – Временска прогноза за 30.3.2024

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе