Свет Топ вести

Масовни апсења и прекумерна полициска сила на демонтрациите во Русија

Масовните апсења и употребата на прекумерна сила на полицијата на демонстрациите низ Русија, на кои се бара ослободување на опозициониот лидер Алексеј Навални, ќе биде тема на утрешниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ. Меѓу уапсените 3.500 демонстранти, 300 се малолетници.

Раскрвавени глави и извици „Слобода за Навални“, „еден за сите сите за еден“, вака беше на протестите во Москва кои застанаа спотени против полициската бруталност. Уапсени се повеќе од 3.500 граѓани и политичари, меѓу нив околу 300 се малолетници, кои со полициски комбиња беа однесени во полициските станици во повеќе региони низ Русија, каде се демонстрираше. Најжестоко беше во Москва и Сант Петерсбурк каде демонстрантите не му дозволија на полициски камион да ја растури толпата.

  • Овде сме затоа што ни е доста од режимот во оваа земја. Путин е крадец и целата власт е корумпирана, вели Тимор, демонстрант.
  • Многу сум исцрпена. Но тоа нема да ме запре.  Можат да не тепаат колку што сакаат, но мораме да победиме, рече демонстрантката Ирина Бибикова.

Полицијата ја приведе и сопругата на Навални, Јулија и одбиваше да разговара со нејзиниот адвокат. Без збор беше однесена во полициското комбе.

-Разговарајте со мене, ве молам.

-Дали нешто сум згрешила?

-Поручнику, ве молам разговарјате со мене, јас сум нејзин адвокат.

-Ве молам отстапете.

САД најостро ја осудија употребата на полициска сила врз демонстрантите и новинарите на протести низ Русија. Ги повикаа руските власти да ги ослободат сите притворени поради кршење на универзалните човекови права, како и моментно ослободување на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални. Мирни протести во знак на поддршка се одржаа и во Њујорк и во Лос Анџелес.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Жозеп Борел најави дека утре ќе разговара со министрите за надворешни работи на ЕУ за идните чекори. Повеќе земји членки и Европскиот парламент бараат воведување нови санкции против Русија, но за тоа е потребна едногласна одлука од сите 27 членки. Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел во телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин побара ослободување на Навални изразувајќи ја „сериозна загриженост“ на ЕУ.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Поплава оштети затвор во Нигерија, побегнаа најмалку 118 затвореници

Дејан Дејан

(Видео) Крвави коњи на британската кралска гарда приредија хаос во Лондон

Дејан Дејан

Пентагон: Моќни балистички ракети со дострел до 300 километри веќе се испорачани на Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе