Македонија Топ вести

Записниците на увид само ако Бугарија дозволи?!

Македонската јавност нема да ги види записниците од преговорите на Мешовитата историска комисија, додека не се добие согласност од бугарската страна. Премиерот, кој уште на почетокот на декември најави дека ќе ги објави, сега вели дека тоа не може да го стори без договор со Бугарија. Но, тврди дека, придавката „македонски“ останува во нив.

Записниците се усвоени од владата летово и во нив се содржани препораките за заедничко чествување на пет историски личности и три историски периоди. Се работи за цар Самоил, за св. Кирил и Методиј, св. Наум и св. Климент Охридски.  Заев ги отфрла обвинувањата од опозицијата дека работи во интерес на Бугарија, велејќи дека, кога треба да се постигне договор, мора да се води грижа и за другата страна. ВМРО ДПМНЕ, пак, и денеска реагираа дека, ги земаат со резерва овие „штури„ оправдувања на Заев.

ВМРО ДПМНЕ: Вчера и претседателот на македонскиот дел од комисијата, Драган Ѓоргиев демантираше дека во записниците нема да се користи придавката „македонски„. Тврди дека уставното име ќе се пишува само кога се спомнува името на Комисијата, а согласно договорот, записниците се потпишуваат на македонски јазик, согласно уставот и на бугарски јазик, согласно уставот. Во сите останати случаи ќе се користи придавката македонски.

Следната средба, која ќе биде во полн состав и на која ќе се разговара за учебниците и заедничкото славење на Гоце Делчев, е закажана за 25 и 26 февруари.

Далиборка Демјанска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

ДКСК повторно одлучи дека академијата „Павел Шатев“ ги крши законите со тестирање на кандидати во изборен процес

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 19.04.2024

Дејан Дејан

Претседателски избори 2024 – Изборна хроника 19.04.2024.

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе