Македонија Топ вести

Сојузот на средношколци обвинува за притисоци и закани од страна на директорите и наставниците

Сојузот на средношколци ја информира јавноста дека бојкотот на наставата од страна на матурантите предизвикан од немањето волја во МОН да се најде компромис е успешен. Во четврток (21 јануари) бојкотираа 78% од матурантите, а во петок (22 јануари) 71%. Причината за овој надолен тренд се притисоците и заканите од страна на училишните директори и наставници врз учениците. Ваквите појави ги кршат средношколските права, Конвенцијата за човекови права и Уставот на РСМ. Ги повикуваме средношколците да ги пријават сите притосоци врз нив, а истите ќе бидат соодветно документирани од наша страна.

Истовремено ги демантираме лажните вести дека ССРСМ и МОН постигнале договор. Таквите вести се комплетно неточни и имаат за цел да ја дефокусираат јавноста и, многу поважно, матурантите. Наместо ширење лажни вести, властите треба да се соочат со аргументите на Сојузот и да ги прифатат нашите барања, информираат од Сојузот на средношколци.

Бојкотот на наставата продолжува и во понеделник.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Идентификуван и пронајден е 19 годишникот кој вчера прегази 3 годишно девојче во Визбегово и избега

Дејан Дејан

ТЕЛМА СТОРИЈА: Битка за Куклица – Кој ја контролира „веселата свадба“

Дејан Дејан

Без нови првачиња и шестоодделенци во ООУ „Гоце Делчев“ во Штип, училиштето постепено ќе се затвора

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе