Македонија Најважни

Амбициозен план на Филипче – во 2021 да се вакцинираат 1 200 000 граѓани против Ковид19

1 200 000 граѓани да се вакцинираат за Ковид 19 во цела 2021 година. Ова е планот на министерството за здравство кое објави дека првите вакцини се договорени денеска со компанијата Фајзер, но тие се за само околу 3 илјади грагани.

Првата доза од 5850 треба да пристигне во февруари а според министерот Венко Филипче за овие вакцини веке има капацитет за чување со оглед на тоа што треба да се на температура од -70 степени.

Според Филипче – компанијата Фајзер најавила дека го зголемува производството па до крајот на годината се договорени вкупно 800 илјади вакцини односно за 400 илјади грагани бидејки еден човек треба да прими две дози.

Преку ковакс системот биле обезбедени уште за 400 илјади грагани и уште исто толку се очекува преку солидарност од други земји.

Тоа ке значи 1 милион и 200 илјади грагани до крај на годината или по 120 илјади грагани месечно со 240 илјади боцкања, ако се поделат во десет месеци. Филипче вели дека системот има капацитет за толку многу вакцинирања.

Планот е готов па први ке се вакцинираат здравствените работници, втори луѓето над 65 години а по тоа хронично болните.

Од здравствените работници 60 – 70 проценти се изјасниле дека сакаат да ја примат вакцината но за сега нема решение што со оние кои ке одбијат.

Во меѓувреме се очекува да пристигнат фрижидери за чување поголеми колични од вакцината на Фајзер која е една од вакцините која се чува на многу ниска температура.

Инаку во регионот прва вакцини набави Србија и веке почна да имунизира дел од населението.

Според властите тука вакцинацијата ке стартува подоцна бидејки дури и земјите кои се понудија да се солидаризираат со нашата, не ги добиле целосно количините на кои се надевале.

Билјана Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ја задушил а потоа тврдел дека му се јавила во сон и му кажала каде да оди да ја спаси – обвинителството бара притвор за мажот кој два дена го криеше телото на сопругата

Дејан Дејан

Блокиран e главниот приод кон аеродрoмот поради сообраќајна несреќа

Дејан Дејан

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче молчи за дипломатскиот преседан кој го направи Бугарија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе