Вести Македонија Најважни

Мирно дочекана Новата 2021-ва, докторите со порака „да си помогнеме, за маката да ни биде минато“

Раздвижено и со насмевки различни генерации, потпевнувајќи ги новогодишните песни и останаа верни на традицијата да ја дочекаат Новата година на градскиот плоштад и покрај фактот дека годинава немаше организиран пречек поради пандемијата.  Задолжително селфи кое треба да не потсети дека имаме право на малку радост во овие тешки времиња.

Додека граѓаните се подготвуваа за дочекот на Новата година и улиците полека се испразнуваа за да се испрати старата која не беше нималку лесна во исто време пред полициската станица Центар со оперативен план беа дадени насоките за како да се дејствува на терен во текот на ноќта.

Со обиколки низ центарот на градот полицијата ги проверуваше  угостителските објекти, за потоа да ја продолжат контролата и кон Градскиот плоштад.

Патролите и понатаму вршат контроли и обиколки на терен и во текот на целата вечер ќе бидат преземени мерки особено во делот на организирање на забави во станбени објекти каде што има групирање во постојана комуникација сме со Основното јавно обвинителство и ќе се преземаат мерки да се казнат оние кои што го прекршиле законот. Морам да забележам дека на плоштадот има групирања и на повеќе од четврица. Во моментов полициски службеници се пуштени на плоштадот имаат добиено задачи и преземаат мерки за санкционирање на сите лица кои не ги почитуваат мерките, а тоа се носење на маска и групирање на повеќе од четири лица, изјави Даниел Окановиќ, помошник командир на полициска станица Центар

И екипите на Државниот пазарен инспекторат беа на терен цела ноќ со своите колеги од МВР. За нив најлудата ноќ сепак започна со координација на тимовите кои ги добија насоките каде да ги продолжат своите проверки.

Максимално се потрудивме во овој цел период од март па наваму да ја објасниме ситуацијата дека е алармантна во однос на здравјето на целото население и дека почитувањето на протоколите и на Законот за заштита на населението од заразни болести е многу важно.  Ние ќе бидеме на терен и утре и задутре и секој ден се додека не се смири ситуацијата смирена и не ни биде здравјето на прво ниво, изјави Александра Котели, Државен пазарен инспекторат

Во меѓувреме доктор Биљана Петреска за време на новогодишната ноќ беше со своите пациенти и медицинскиот персонал на Инфективната клиника. За неа и оваа ноќ беше работна.  Бројните огномети беа единствените кои ја нарушуваа тишината во Клиничкиот центар.  И медицинскиот персонал и пациентите и војската на влезот со една желба да ја добијат битката со Ковид 19.

Можам да кажам дека Ковид ни донесе доста пациенти на нашата амбуланта, така беше и оваа вечер. Имаме многу пациенти клиниката прима и нови за хоспитализација и за лекување, изјави д-р Билјана Петреска, Клиника за инфективни болести 

Секоја професија има свои предизвици и моменти во кои се преиспитувате дали  сте го направиле вистинскиот избор и многу нешта за кои знаете дека мора да се откажете. И во оваа новогодишна ноќ нашите соговорници ја немаа дилемата за изборот на својата професија.

Ние ја одбравме оваа професија и подготвени сме со тоа да се бориме. Нашата цел е да ги лекуваме пациентите, да им помагаме колку што можеме повеќе.  Јас пред се во новата 2021 да им посакам да имаме здравје среќа и радост. И новогодишните и Божиќни празници да го поминат во кругот на своето семејство почитувајќи ги мерките, се со цел да се заштитиме себе си, вели доктор Петреска. 

 

Искрено да ви кажам како дел од еден тим, од една државна институција која што се грижи за здравјето на населението јас сум горда што сум сега надвор заедно со моите колеги бидејќи ние сепак се грижиме за здравјето на населението, изјави Александра Котели, Државен пазарен инспекторат

 

Па ние сме го прифатиле овој повик, не не се каам, изјави Даниел Окановиќ

Многумина ќе речат „секоја планина со својата тежина“ , сепак  во овие мигови е најважно сите заедно да ја победиме битката со вирусот Ковид 19  поради кој како светот да запре. Да си помогнеме взаемно за тежините да бидат минато, велат нашите соговорници.

Нина Стефанова

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„ Ноќ поскапа од векот“ во кореографија на Игор Киров го отвора 40. издание на „ Будва град театар“

Дејан Дејан

Оосмничениот признал дека опожарил возила на Бугарска амбасада

Дејан Дејан

Жена приведена во Ресен при обид за кражба

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе