Вести Најважни Свет

Новата 2021-ва надеж дека ќе ни се врати нормалниот начин на живот

Светот ја дочека новата година со традиционалните огномети, но јавните собирања беа дозволени само на некои места. Правилата ги диригираше корона вирусот, па така плоштадите на светските метрополи останаа празни, поради полицискиот час.

Нов Зеланд прв влезе во оваа година со неверојатен огномет – тука прославата наликуваше на нормална зашто на луѓето им беше дозволено да се соберат. На овој далечен остров корона вирусот веќе е елиминиран, најмногу поради строгиот карантин и затворените граници што беа воведени претходно. Весела прослава имаа и жителите на кинески Вухан – градот каде првпат се појави ковид 19. Но, тука животот полека се врати во нормала.

Огномет имаше и во Сиднеј, но тука сепак пристаништетео кое обично е полно со весели лица, сега остана празно. Славната Опера Хаус беше осветлена со фонтани од огномет во боја на виножитото, но овој спектакл се гледаше само од ТВ екраните. Поради нови случаи на инфекцијата, еден милион жители на Сиднеј беа принудени да седат дома.

Како се движеше новата година кон Западна Европа, прославата стануваше се потивка. Улиците на Париз беа чудно тивко минатата ноќ, бидејќи во земјата е на сила полициски час, кој пак денеска е поместен од 20 во 18 часот. Само мал број возила се движеа на Елисејските полиња. Во Версај имаше огномет за прослава на надежта, уметноста, но и почит кон хероите на современото време – а тоа се докторите. Се обрати и Макрон. Најави тежок почеток на годината, а надеж во вакцината.

Надежта е во вакцината кои човечките генијалци ја создадоа за само една година. Тоа беше незамисливо пред неколку месеци. вечерва ви зборувам со голема одлучност – нема да дозволат некој да си поигрува со сигурноста и добрите услови кои ги поставија нашите научници и доктори, каде ќе треба да се дава вакцината и нема да дозволам неоправданата бавност од лоши причини да пушти корени, порача францускиот претседател. 

Во Германија на сила се строги мерки, а забранет беше и огнометот. Граѓаните се обидоа од балконите да направат огномети, но тоа отиде во лоша насока, предизвикувајќи пожари. Само во првите шест минути од новата година, берлиснките пожарникари интервенирале на 18 места.

Лондон, Рим, Москава – сите празни и со малку фанфари. По неколку незаконски забави кои полицијата ги растеруваше.

И славната плажа Копакабана празна. Статуата на Исус на полноќ осветлена ја донесе главната порака. „година на ковид“ – отрезнувачки потсетник за тешкотиите низ кои мина оваа земја, со речиси најголем број случаи на заболени. Но, сите се согласни во едно.

Перпективата за 2021-вата е вакцината. Тоа она што сите го сакаме, вакцината, за да живееме како и секогаш, вели бизнисменот Лионел Кесли.

Невообичаена слика и на њујоршки Тајмс Сквер. На спуштањето на иконската кристална топка присуствуваа десетина поканети гости – но не кој било, туку здравствени работници кои цела година се бореа со пандемијата.

Замина омразената 2020-та година. Светот нема да ја памети по никакво добро. Останува надежта дека оваа нова 2021-ва науката на крајот ќе победи, ќе ги извадиме маските и конечно ќе се прегрнеме.

Алиса Шутиноска

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„ Ноќ поскапа од векот“ во кореографија на Игор Киров го отвора 40. издание на „ Будва град театар“

Дејан Дејан

Оосмничениот признал дека ги опожарил возилата на Бугарска амбасада

Дејан Дејан

Жена приведена во Ресен при обид за кражба

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе