Секое утро го почнува со песна на фејсбук и покрај тоа што последниве десет месеци секој ден му е како од филмот денот на дабарот, ист и се повторува – оди по домови и зема брисеви за Ковид 19. Со песна која трештеше од возилото дојде и пред Телма да не поздрави најпознатиот медицински техничар Денис Јанкуловски или попознат на социјалните мрежи како космонаутко.
Прекарот Денко Космонаутко го доби поради скафандерот кој го носи, а приказната за човек од друга планета ја измисли за да не ги плаши децата а не ретко и возрасните кај кои оди да земе брис.
Децата пак му вратија деновиве со илјадници цртежи и честитки со убави желби за поубава нова година. меѓу нив е и петгодишната Анастсија Софија Георгиевска која веќе ја спремила честитката која ке ја испрати до Космонаутко. Верува дека токму тој и го одзел стравот и го однел на друга планета.
Јавноста веќе го прогласи за најпозитивен лик, омилен е на социјалните мрежи а тој веќе испратил 800 честитки во знак на благодарност. Ни подари и нам но и посака на сите добро здравје и позитивна енергија.
Земал околу 9 000 илјади брисеви долж и попреку во Скопје. Рекордот е 11 кај една иста личност. Вели тешко дека ќе дочека полноќ а да не заспие, оти утре го чека нова работа, ама песна за Срекна нова година ни испеа.
Билјана Николовска
