Македонија

Снешко потсетува правилно да се носат заштитните маски

Нова уметничка акција на плоштадот Македонија во Скопје Носи ја маската правилно над носот, е пораката од денешната акција „Снешко порачува“, на групата „Урбани уметнички акции“.

–  Со оваа акција сакаме да ги потсетиме граѓаните дека и покрај новогодишните празници, епидемијата е во полн ек и секојдневно броиме стотици новозаболени и десетици мртви. Во вакви услови и покрај новогодишните празници не смееме да се олабавиме и да заборавиме на опасноста, велат од „ Урбани уметнички акции“.
Инспирацијата за оваа акција, како што објаснуваат, е фактот што огромен број наши сограѓани постојано не ги почитуваат мерките и неправилно ги носат маските со носовите над маските, со што не само што воопшто не се заштитуваат себеси туку и другите граѓани ги изложуваат на опасност. Снешкото е поставен на плоштадот Македонија.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Жена приведена во Ресен при обид за кражба

Tea Dimkovska

Вајц: ЕУ не бара менување на идентитетите, потребни се доверба и дијалог меѓу Скопје и Софија

Tea Dimkovska

За реконструкција на Владата Димитриевски смета дека ЗНАМ ќе продолжи и сака да менаџира со ресорите во кои е поставен

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе