Вести Македонија

Казна од 20.000 евра за „Пејпер Мил“ од Кочани ако не го намали загадувањето

Компромис со загадувачите нема, доколку и најновото мерење на онашто излегува од оџакот на кочанската фабрика Пепјер Мил е над дозволените вредности ќе биде затворена, порача  директорката на државниот инспекторат за животна средина, Ана Петревска. На 30 декември е закажано мерењето, во присуство на инспектор, а  граѓаните да не стравуваат дека резултатите ќе бидат спорни, бидејќи и претходните две мерања, на која и таа присуствувала резултатите покажале дека оваа фабрика загадува над дозволените вредности.

Додека не се постави филтерот на фабриката, инспекторите ќе доаѓаат и ненајавено и ќе вршат вонредни мерења со акредиторана лабароторија, која ја ангажира државниот инспекторат. За разлика од претходните денови, кога граѓаните споделуваат фотографии од црн чад и магла, денеска  од фабричкиот оџак, излегуваше бел чад, за што Петревска вели дека компанијата работи на пелети и метан. Кочанскиот градоначалник, Николчо Илијев вели дека решавањето на проблемот со загадување од оваа фабрика и врвен приоритет за жителите на Кочани, а на терен како општина прават и мерења и на загадувањето од другите помали загадувачи со Б интегрирани дозволи, под надлежност на општината.

Инспекторите и покрај тоа што се во мал број се на терен, мапирани се сите загадувачи во Скопје и во градовите низ земјава. Се прават и координарни акции со општинските инспектори, а за поголема ефикаснос на терен Петревска најави и нова електронска алатка, на месенџер граѓаните ќе ги пријавуваат загадувањата, по што  инспекторите веднаш ќе излезат.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе