Македонија Најважни

Заев: Остануваме посветени на европските реформи, без разлика што ЕУ испрати лош сигнал

Прочистување на правосудството, борбата против корупцијата, борба против лажните вести и говорот на омраза и заштитата на животната средина, се дел од 10-те приоритети од инцијативата за европски стандарди дома наречен „Акција 21“ кој денеска пред јавноста го претстави премиерот Зоран Заев.

На прес-конференцијата во Владата, премиерот порача дека без разлика што Европската унија испрати лош сигнал, земјава останува посветена на европските реформи кои следната година ќе продолжат со посилен интензитет.

– Остануваме поветени на истиот стратешки колосек, нема отстапување од стратешките цели кои се поставени едногласно – негување на добрососедските односи, активно учество во НАТО и членство во ЕУ.  Нема да има застој во внатрешните реформи. Ќе се посветиме на градењето европски стандарди, истакна Заев.

Во делот на прочистувањето на правосудството, рече дека моделот е веќе во завршна фаза и оти целиот процес ќе оди постепено и во фази. Ќе се проверува и имотната состојба на судиите.

Во борбата против корупцијата посочи дека заложбите на Владата се потврдиле веќе со побараните одговорности од државни службеници, а најави и заложба за поголема транспаретност на општините. Во делот на заштита на животната средина соопшти дека се одвоени 100 милиони денари за замена на нееколошки системи за грење и обновување на урбаното зеленило.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Поскапуваат кредитите? НБРМ ја крена основната камата, на потег се банките

Дејан Дејан

60 ученици препишувале на полагањето државна матура

Дејан Дејан

Македонија е меѓу земјите од регионот со најниска стапка на инфлација – вели Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе