Македонија Топ вести

Обвинувања за распределбата на парите предвидени во буџетот за 2021

Опозициската ВМРО ДПМНЕ смета дека со предложениот буџет нема да се обезбеди финансиска консолидација, туку ќе се зголеми јавниот долг кој би достигнал 67 проценти. Обвинија дека Владата  не се справува со пандемијата, економијата тоне а криминалот и корупцијата растат. Буџетот кој ни се нуди е пишан збор со научно фантастични секвенци, рече Златко Пенков.

Заменик министерот за финансии Димитар Ковачевски уверува дека буџетот нуди економска стабилност и раст а обезбедена е буџетска резерва и во случај на продолжено траење на пандемијата.

Со Буџетот се обезбедуваат и средства за локален, рамномерен, регионален развој, здрава и одржлива животна средина и дигитализација на економијата и јавните услуги.

Врвен приоритет ќе бидат инвестициите во човечки капитал а ќе са засилуваат и конкурентноста на приватниот сектор и на трговските друштва. На пратениците им останува уште еден ден расправа во Парламентот по што ќе се пристапи кон гласање. Опозицијата најави дека нема да даде зелено светло со што властва ќе треба да обезбеди мнозинство за гласање.

И додека народните избраници се надмудруваат за тоа кој повеќе работел според последните податоци од Еуростат, Македонија е трета најсиромашна земја во Европа. Пред неа се наоѓаат само Албанија и БИХ со БДП што е околу 31% од просекот на ЕУ.Ова значи дека ќе бидат потребни децении за да се достигнат економските стандарди.

Јулијана Пешевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

60 ученици препишувале на полагањето државна матура

Дејан Дејан

Македонија е меѓу земјите од регионот со најниска стапка на инфлација – вели Мицкоски

Дејан Дејан

Вработен во прилепската болница скенирал картичка на граѓанин и повлекол 90 000 денари

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе