Ковид19 Македонија Најважни

Битолчанец избегал од Инфективнo, но откако бил вратен, починал

35-годишен битолчанец синоќа почина на Инфективното одделение во Клиничката болница во Битола , откако претходно избегал од одделението и повторно бил вратен со итнатат помош, но неконтактибилен и без витални параметри.

Младиот битолчанец бил хоспиатализар во КОВИД-центарот од 16 ноември, но вчера самоволно ја напуштил болницата.  Од СВР Битола инфомрираат дека лекар од оваа здравствена установа пријавил во полиција дека лице позитивно на КОВИД-19 вчера претпладне  избега од Инфективното одделение.

„Во 18 часот  пациентот бил донесен со возило на Итната помош и медицинска екипа во вонредно тешка општа состојба, неконтактибилен, со немерливи витални параметри, немерлива сатурација, со пена на устата . Според кажувањата на медицинската екипа од итната помош пациентот со приватно возило си отишол дома наводно да се наспие и одмори и се напил средства за спиење и смирување во непозната количина, веднаш заспал и не се будел по што семејството повикало итна помош кои веднаш дошле во домот и ординирале терапиј, но без ефект, по што е донесен на инфективно одделение. Од страна на дежурната екипа на КОВИД одделот биле превземени реанимациони мерки, но без  одговор. Во 18,45  часот настапила смртта. Во системот не постојат внесени коморбидитети, информираат од Министерството за здравство

Во денешната официјална статистика на битолското Инфективно одделние  има уште двајца починати на возраст од 55 и 73 години, со што вкупниот број се искачи на  61 лице. Во Регионалниот КОВИД центар во Битола се хоспитализирани 76  пациенти. Вчера се регистриани 51 новозаболен, а во Битола има над 700 активни случаи.

Емилија Мисирлиевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Путин: Нема да го нападнеме НАТО, но ќе ги соборуваме ловците Ф-16 во Украина

Дејан Дејан

Пронајдени се телата на двајца работници кои загинале при уривањето на мостот во Балтимор

Дејан Дејан

И мавровските мечки ја спасуваат фотељата во ЦУК, смета Стојанче Ангелов кој “прелета” во старо-новото политичко јато и најави дека со музика и фрлање камен ќе замине од функцијата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе