Македонија Најважни

Блокадата од Бугарија не смее да предизвика уназадување во земјава

Македонија нема многу простор за компромис, но не треба да се откаже од реформите и ако Бугарија го реализира најавеното вето за старт на преговорите. Познавачите на европските процеси сметаат дека и повлекувањето на бугарското вето од преговарачката рамка, не значи дека таа потоа нема со своите барања да го блокира целиот преговарачки процес, поради што Македонија треба подолгорочно да ја осмисли својат стратегија кон ЕУ.

 

Македонија да продолжи со реформите и да не се дозволи уназадување на процесите дома е она на што земјава треба да се насочи откако Бугарија најави дека нема да дозволи старт на преговорите на земјава со ЕУ. Малинка Ристевска – Јорданова од Институт за европска политика вели дека земјава нема многу простор за компромис и оти сега треба да се размислува со ладна глава.

„Нир немаме простор за некакви отстапки затоа што има голем број бугарски барања, не само оние што често се споменуваат во јавноста. Друго, што би значело подигањето на ветото од страна на Бугарија, дали тоа ќе значи од нивната рамковна позиција воопшто во текот на процесот на пристапување или некакво одложување“, вели Малинка Ристевска – Јорданова од Институт за европска политика.

Бугарија сега евентулано би можела да ги повлече нејзините барања кои се однесуваат на содржината на преговарачката рамка, но да продолжи со условувања во текот на преговорите.

 “Тоа е големиот проблем, всушност. Затоа што во тој случај ова прашање кое што е апсолутно нерационално ќе се наметне над процесот, којшто треба да биде објективен и ќе ни наметне една клима во која што ние многу тешко ќе зборуваме за еден процес на реформи засновани на објективни стандарди. Од таму муслим дека е време за навистина малку подолгорочно осмислување на нашата стратегија кон ЕУ“, вели Ристевска – Јорданова.

Според неа Македонија не треба да го напушти европскиот процес, но не смее да дозволи да ја троши енергијата и ресурсите на ирационални спорови, туку да ја насочи на економски и демократски развој и достоинствено да ги брани своите позиции. Ристевска – Јорданова смета дека блокадата од Бугарија не може да предзивика ретроградни процеси во земјата како што предзивика блокадата во НАТО од Грција во 2008.

„Сега има еден друг ризик дека ние немаме доволно доверба дека самите можеме да спроведене реформи, според наша визија, според наши капацитети, со наш потенцијал. Дека нам ни е неопходно некј да не турка од страна. И тука го гледам големиот ризик. Значи проблемот на доверба во сопствените капацитети, можности, во сопствената нација“, смета Ристевска – Јорданова.

Блокадата на Македонија би било спротивно интересите на Унијата и би и го нарушило кредибилитетот, смета Ристевска Јорданова, што пак според неа ќе го држи прашањето на Македонија на дневниот ред на Унијата. Сепак нивото на кое ќе биде тоа ќе зависи од тоа земја-членка ќе биде претседавач, каква ќе биде економската ситуација, состојбата ковид-кризата, а она што ќе мора понатаму Унијата да го преиспита се нејзините чекори, но и политики на проширувањето.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

48-часовен притвор за двајца од приведените во врска со убиството на лекарот Трпковски

Дејан Дејан

Јуриќ: Како да нема човек што е во близина, а да не е сомнителен во случајот со Данка

Дејан Дејан

Четврти ден од потрагата по двегодишната Данка Илиќ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе