Вести Македонија

Захариева се закани со вето ако Македонија не го прифати бугарскиот предлог

Бугарската министерка за надворешни работи Захариева отворено се закани со вето за Македонија. Во интрвју за Ројтерс таа тврди дека Бугарија не го оспорува правото на Република Северна Македонија на самоопределување, ниту правото да го нарекуваат својот јазик како што сакаат. “Ние сме  подготвени да ја потврдиме сегашната реалност, но тие треба да ја признаат историската вистина“, изјави бугарската министерка. Во интервјуто за Ројтерс таа вели и  “Доколку двете земји не го решат проблемот, Бугарија ќе стави вето. Софија, го губи трпението поради одбивањето на Северна Македонија да го имплементира Договорот за пријателство кој двете земји го потпишаа во 2017 година.“. Клучниот проблем за Бугарија е како да ги запре барањата за признавање на македонско малцинство во земјата. Според Захариева, тој проблем ќе се реши доколку Скопје признае дека македонскиот јазик и идентитет имаат бугарски корени. „Нашите грижи потекнуваат од бескрајните тврдења за македонско малцинство во Бугарија. Признавањето на бугарските корени ќе му стави крај на тоа“, вели Захариева. Доколку Скопје се согласи, додава таа, Бугарија е подготвена да ги признае македонскиот „како еден од официјалните јазици во Северна Македонија“ и да го прифати македонскиот идентитет. Захариева практично го потврди бугарскиот предлог што бил изнесен на состанокот на амбасадорите на ЕУ пред два дена, како што објави Политико. Истиот ден во четвртокот, македонскиот претседател и премиер Стево Пендаровски и Зоран Заев изјавија дека немаат намера да преговараат, ниту да прават отстапки за македонскиот јазик и идентитет.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рафа на раб на здравствена катастрофа, раселените соочуваат со недостаток на санитарни услови и пристап до чиста вода

Дејан Дејан

Македонија со скок од 19 места во однос на слободата на медиумите, медиумските работници со потпросечни плати и изложени на закани и напади

Дејан Дејан

Тажни сцени пред „Рибникар“: Родителите на убиените деца пристигнаа пред училиштето да оддадат почит на жртвите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе