Вести Свет

Европа во нова жестока битка со Ковид

Корона вирусот во Европа е надвор од контрола. Хрватска јавува за нови 1.800-тини заболени, од кои 580 се во Загреб, седуммина починале. Се влошува епидемиолошката состојба и во Србија, поради што се бараат воведување на поригоризни мерки. Бројот на заболени во Босна секојдневно расте, додека Словенија јавува за нови 1.650 заболени.
Во Бугарија, во последните 24 часа се регистрирани рекордни 1.595 новозаболени. Најмногу активни случаи има во Софија, Пловдив и Благоевград а бројката на жртви се искачи на 1.064 починати лица.

Грција воведе полициски час во Атина, Јанина и во Солун кои се најпогодени од епидемијата.

Од новиот бран не се поштедени земјите од средна Европа. Чешка јавува за нови 14 илјади инфицирани. Не заостанува и Полска, каде бројот на заболени секојдневно е над 20%. Вчера во земјата имаше 12.100 позитивни, и дури 168 смртни случаи. Стадионот во Варшава веќе е претворен во полска болница. Докторите предупредија дека болничките капацитети се преполни со пациенти, од кои дел од нив не знаат како ја добиле болеста.

  • Што најмногу боли ?
  • Немањето здив, неможноста да земете воздух. Не знам како се заразив. Живеам на 4 кат и никаде не одам. Или од поштарот, или од некој од семејството кој бил кај мене дома, но сите од семејството се здрави, вели пациент кој што туку бил тргнат од респиратор.
  • Исплашени сме да го гледаме драматичното зголемување на бројот од ден на ден. Денеска, преку ноќ се искачи над 20%. Ова застрашувачки. Мислам дека зависи од тоа како ќе се развива. Ако продолжиме да имаме по 20% дневно, системот нема да издржи. Во моментов, влогот е голем, што значи дека ние како систем не смееме да потклекнеме, вели шефот на клиниката за Кардиологија во Варшава, д-р Пјотр Сувалски.

Шпанија, неделава стана првата држава во Западна Европа во која бројот на заразени надмина еден милион, а според здравствените власти епидемијата е надвор од контрола во многу области од земјата. Властите тука размислуваат дали да воведат карантин.

Епидемијата забрзано се шири и во останатите држави во регионот. Вчера во Франција беа регистрирани рекордни 41 илјада новозаболени во еден ден. Во Британија бројката стигна до 21 илјада, во Италија 16 илјади а во Германија 12.500 нови случаи во едно деноноќие.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тодоров: СДСМ покажаа епохална неспособност за нормално функционирање на државата

Дејан Дејан

ОДИХР со позитивна оценка за изборниот процес сепак имаат забелешки за негативната кампања

Дејан Дејан

ДИК: Нема да има прегласување на трите гласачки места во Куманово

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе