Македонија

Кривичен го одби Новачевски, останува во притвор

Ристо Новачевски, кумот на експремиеорт Груевски, останува во притвор 30 дена. Кривичниот совет ја одбил жалбата на одбраната, потврдија од Кривичен за Телма. Според одбраната постои нееднаквост на странките. Другите се бранат од слобода додека тој е во неоправдан притвор, вели адвокатот Дуковски кој понудил и да му биде одземен пасошот на Новачевски, за да излезе од притвор.

Eкспремиерoт Груевски е на слобода во Унгарија каде има статус на азилант. Другите осомничени меѓу кои екс директорот на УБК Мијалков, бизнисменот Камчев и неговата мајка имаат мекри на претпазливост од претходно во предметот „Империја“. Поради тоа обвинителката Русковска рече дека не барала притвор за сите осомничени во оваа истрага.

А предметите  „Империја“ и „Плацевите на Водно“ имаат и други допирни точки. Врз основа на бомбата за земјиштето што го меркал тогашниот премиер  во 2015 СДСМ поднесува кривична пријава во државното обвинителство. По формирањето на СЈО заедно со остнатите предмети поврзани со бомбите и овој за плацевите оди во СЈО каде станува дел од „Имеприја“.

Со оглед дека дел од осомничените лица се појавуваат како осомничени и во предметот ​со кодно име „Империја“ предметите се споени. Со преземањето на предметите од страна на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција предметот повторно е одделен и е донесена Наредба за спроведување на истражна постапка за која информиравме на почетокот на оваа недела, велат од ојо. 

Обвинителството за организиран криминал сите шестмина ги сомничи за перење пари. Груевски затоа што користел пари од донации на ВМРО-ДПМНЕ, над 1.300.000 евра за да го купи земјиштето на Водно од 11.000 м2. Останатите пак дека учествувале во перењето на пари преку од шор фирми во странство и ново отворени фирми во земјава. Според Дуковски, Новачевски дал изјава уште во СЈО но тогаш немал статус на осомничен.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

По Велес, претреси и во Охрид – членови на избирачки одбор фотографирале избирачки список и гласачки ливчиња

Дејан Дејан

Додека ги служело здравје оделе на гласачки места, сега гласаат во домашни услови – за 76-годишната Слободанка и 81-годишната Митра гласањето останува свечен чин

Дејан Дејан

Правда сè уште чека официјално известување за уапсената кондовска група на Красниќи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе