Македонија

Пендаровски: Планираниот ветинг во судството по примерот на Албанија не беше добар

Криминалот и корупцијата се најголемиот канцер во општеството. А, решението е во проветрување на судството, истакна претседателот Стево Пендаровски на третиот Национален форум на граѓански организации. Но , заложбата за решавање на проблемот со ветинг по примерот на Албанија, не помина поради тоа што не се покажал како квалитетен, рече претседателот.

Луѓето кои влегоа во владата на клучни позиции, по неколку месеци рекоа дека од Брисел им било речено дека не треба да одиме низ искуствата од Република Албанија, која со бриселска стучна помош директна, не успеа да направи добар ветинг, рече пендаровски.

За демократско општество кое ќе фати приклучок со ЕУ потребна е деполаризација на општеството, кое е целосно поларизирано. Но, за тоа е потребна департизација, истакна претседателот. Тој кажа пример со неговиот неуспешен обид да се помират навивачките групи.

Како таа иницијатива се развиваше и во политичките кулоари, така одговорите на навивачките групи, на поголемите да дојдат кај мене , да почнеме процес на разговори, без заклучоци , така нивниот ентузијазам спласнуваше .На крајот, кога одредени политички партии директно се замешаа во намерата да дојдат, да разговараме на таа тема, две од најголемите навивачки групи рекоа можеме да дојдеме под услов на таблата кај мене на работа, да не стои Северна, вели Пендаровски.

Како генерација треба да донесеме решенија во насока на слободно и инклузивно општество, но без селективна правда. Партиската книшка и етничката припадност не треба да бидат аргументи при вработувањата, за да ги задржиме младите во земјава. Тие во услови на пандемија се под дополнителен притисок и дискриминација поради различните можности да се едуцираат во овие околности, рече Пендаровски. Според него, треба да се работи и на намалувањето на неефикасната администрација , која сега официјално брои 140 илјади вработени. Но, поразитална е според претседателот,  културата на недопирливост на администрацијата кај нас, која има статус на голем резервоар на гласачи при изборите.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Експертско предупредување за креми за изгореници кои се продаваат на интернет- кочанската болница има услови за третман на повредените во пожарот, но нема кадар и материјали

Дејан Дејан

Тумановски: Секоја брза правда носи и голем број на недостатоци

Дејан Дејан

Промовирана првата директна авиолинија на Туркиш Ерлајнс, Истанбул – Охрид 

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе