Македонија Најважни

Мијалков развил симптоми на коронавирус, не дојде на суд

Судењето за незаконско следење на комуникациите „Таргет-Тврдина” се одложува за 16 октомври, поради отсуство на обвинетиот Сашо Мијалков, кој во вчерашниот ден развил симптоми на коронавирус – покачена температура и кашлица, откако неговата сопруга била позитивна на КОВИД-19.

Неговиот бранител, адвокат Љупчо Шврговски, го извести судот дека Сашо Мијалков во текот на денешниот ден ќе биде тестиран, по што до судот ќе бидат доставени резултатите.

– Вчера доцна бев известен од Сашо Мијалков, дека неговата сопруга Александра Мијалкова е позитивна на тестот на корона вирус. Истовремено од негова страна ми беше посочено дека и тој има покачена температура и сува кашлица и денеска попладне ќе прави тест, изјави Шврговски.

До судот, бранителот на Мијалков, го достави позитивниот тест и издадената терапија.

Претходно, Судот нотираше писмен допис од Стојанче Ангелов, со барање да биде вклучен како оштетен во овој предмет.

На денешното рочиште, требаше да бидат сослушани повеќе сведоци-оштетени.

Процесот го води судијката Џенета Бегтовиќ, а застапници на обвинението се Ленче Ристеска, Трајче Пеливанов и Артан Ајро.

Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби.

Комуникацијата била следена пред да бидат издадени и по завршување на траењето на важноста на судските наредби на 1.541 број или вкупно 5.827 телефонски броеви. Прислушувани биле над 20 илјади граѓани.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пратениците да кажат „не“ на Закон за игри на среќа, бидејќи 10.000 вработени се соочуваат со губење на работата, алармираат од Асоцијацијата на обложувалници

meteo

Собранието ја констатираше оставката на вицепремиерот Арбен Фетаи кој повеќе од два месеца не доаѓаше на работа

meteo

Уапсен велешанецот кој се обиде да ограби црква па и побегна на полицијата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе