Македонија Топ вести

Судот во Стразбур објави кои поранешни функционери се повикуваат на аболицијата на Иванов

На веб страната на судот  се гледа дека овие апикации се во фаза на таканаречени комуницирани предмети што значи дека се уште нема одлука.

Објавени се прашањата од судот што треба да ги одговори државата меѓу кои „Дали одлуките за помилување на Претседателот на државата од 12 април 2016 година беа неотповикливи“ и „Дали Актот за помилување беше од индивидуализиран карактер?“

Министерот за правда Бојан Маричиќ вчера на фејсбук објасни дека овие постапки пред ЕСЧП се во почетна фаза на комуникација, дека пред  10-тина дена биле доставени на одговор до Владата а за одлука може да се почека и до 3 години. Шпекулации и притисок ги нарече информациите дека може да има последици врз предметите што се водат против овие обвинети пред домашните судови и обвини дека за опозицијата единствена визија за правда е аболицијата на Иванов. Правда мора да има за сите, напиша Маричиќ.

Илиевски вели минатата недела иницирал средба со владата за преговори но по вчерашниот статус на министерот за правда не е  е оптимист дека може да дојде до пријателска спогодба. Но оптимист е во однос на исходот од постапките.

Собранието минатата година одлучувајќи по барањето за автентично толкување заклучи дека членот по кој дал Иванов помилување не постоел па врз основа на тоа надлежните објаснија дека и помилувањата биле незкаонски. Тој аргумент најавија дека ќе го користат и пред судот во Стразбур.  Претходно токму помилувањата на Иванов беа меѓу гавните аргументи на надлежните во Атина и Будимпшета за да одбијат да ги испорачаат Грујевски и Бошковски

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израел одговара пред Меѓународниот суд на правдата за геноцид- Јужна Африка бара судот да нареди прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Пронашле граната од Прва Светска војна и ја однеле во полициска станица

Дејан Дејан

Посветена работа на заедничкиот регионален пазар согласни шефовите на шесте балкански земји

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе