Култура

Премиерата на филмот „Хомо“ на Игор Иванов го затвора Cinedays

Со премиерата на филмот „ Хомо“, во режија на Игор Иванов- Изи, на зелениот покрив на ГТЦ, вечерва се затвора 19 издание на фестивалот на европски филм Cinedays. Ова е филм за потрагата по среќата, вели режисерот, кој заедно со Сашо Кокаланов, го напиша сценариото за филмот.

Третиот долгометражен филм на режисерот Игор Иванов –Изи, насловен „Хомо“, низ приказни за 6 ликови, зборува за потрагата по среќата и личната реализација на човекот од нашиве простори, во услови на општествена декаденција и деструкција.

Мене секогаш во фокусот ми била нашата генерација, без разлика колку сум стар јас во периодот кога го создавам филмот. „ Хомо“ е обид да се отсликаат овие наши животи преку 6 ликови од Скопје, кои постојат овде и сега, и се во потрага по среќа. И кога сѐ изгледа очајно, се појавува малку љубов, која колку и да звучи патетично, спасува животи, вели Иванов.

„Хомо“ е спој на црна комедија и драма. Работен е како копродукција меѓу Македонија, Србија, Косово, Бугарија и Словенија, а главен продуцент е „Скопје Филм Студио“. Во филмот настапуваат домашни и актери од земјите копродуценти, а за прв пат на филм се појавува нашиот активист за правата на лицата со попреченост, Александар Матовски – Цако. Со проекцијата на „Хомо“ , се затвора 19 издание на Cinedays.  Организацијата во услови на пандемија не била лесна, но се покажала успешна.

Публиката беше доста добро информирана, дисциплинирана, да кажам. А од друга страна, се покажа дека граѓаните и нашата публика се гладни за културни настани. Така што имавме и одлична посетеност. Веќе можам да кажам и официјална бројка од над 4000 продадени и издадени билети, со ограничени капацитети, вели координаторката на Cinedays Маргарита Арсова.

Пред проекцијата на „ Хомо“, кој од октомври ќе се прикажува низ домашните кина, ќе бидат доделени наградите за најдобри филмови на Cinedays, во официјалната и See програмата.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Расте бројот на млади читатели кои го посетуваат Саемот на книга

Дејан Дејан

Петар Андоновски: Книгите нема да го променат светот, но можат да го направат, подобро и поубаво место за живеење

Дејан Дејан

СКРМ: Како министерката ветуваше повисоки плати, без договор со Финансии ?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе