Македонија

Бошкоски итно бил примен на Инфективната клиника, вели дека се чувствува одлично

Лидерот на „Обединети за Македонија“ и поранешен министер за внатрешни работи, Љубе Бошкоски, на фејсбук потврди дека е хоспитализиран на Инфективната клиника во Скопје, но вели дека се чувствува добро.

„Поради зголемениот интерес за мојата здравствена состојба, многу луѓе ме прашуваат како сум и не можам да одговорам на сите. Затоа, ве известувам дека сум на Инфективна клиника, примам терапија уште 3-4 дена. Состојбата ми е подобра, се чувствувам одлично. Голема благодарност до медицинскиот персонал и моите сопартијци кои ми даваат поддршка и се тука за мене“,

напиша Бошкоски.

 

Бошкоски, вчера бил примен на Инфективната клиника поради влошена состојба со Ковид-19.

Тој пред неколку дена изјави дека е позитивен на коронавирусот и дека се наоѓа во самоизолација во Челопек и дека нема симптоми. Наводно правел тест за проверка затоа што сакал да патува во Хрватска, но се покажало дека е заболен.
Меѓутоа, во меѓувреме ситуацијата се влошила и тој итно синоќа бил примен на Инфективната клиника, но засега нема официјални информации околу неговата здравствена состојба.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЕФА бара од Бугарија, да се извини за сите злосторства врз македонското малцинство за време на комунистичкото владеење

Kristina Kuzmanovski

Истрага за обид за убиство во Шишево

Kristina Kuzmanovski

Убиства и братоубиства како огледало на човечката несреќа и фракционерство

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе