Македонија

Охридскиот суд ја прифатил гаранцијата на Нефи Усеини, битолска апелација треба да пресече дали ќе излезе од притвор

Охридскиот суд ја прифатил гаранцијата и им го укинал притворот на охридскиот советник и бизнисмен Нефи Усеини и неговиот брат,  но обвинителството поднело жалби па Усеини остануваат во затвор да ја чекаат одлуката што треба да ја донесе битолска Апелација, велат за Телма од охридскиот суд. Од таму објаснија и дека ја прифатиле гаранцијата во пари, која од првично понудените по 10 илјади евра, сумата пораснала на 15 илјади евра или вкупно 30 илјади за двајцата. Покрај укинувањето на притворот охрискиот суд предвидел и определување на мерки на претпазливост.

Во четврток им истекува 8 дневниот притвор на браќата. Сами се пријавија во охридснкиот затвор на 26 ти месецов откако претходно 6 дена беа недостапни . Браќата Усеини се осомничени за нападот врз Охриѓанецот Спирко Топалоски и се води истрага за две кривични дела „насилство“ и „недозволено држење на оружје“. Според првичниот исказ на нападнатиот тој бил тепан со пиштол по глава, но потоа со изјава преку својот адвокат, Топалоски тврдеше дека не видел оружје и недоразбирањата се надминати.

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Кривична пријава за директор на ЈП „Стрежево” Битола за злоупотреба на службена положба и злоупотреба на постапка за јавен повик

Дејан Дејан

Бојмацалиев: Од земја што бараше помош од други држави, сега нудиме помош за справување со миграција

Дејан Дејан

Откриен еден од осомничените за тешка кражба на сеф во Скопје

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе