Спорт Тенис

УС Опен без бранителите на трофеите од минатата година

Утре стартува Отвореното тениско првенство на САД, првиот од двата Гренд слем турнири што ќе се одржат во текот на оваа сезона која беше прекината поради пандемијата со Ковид 19.

Ова ќе биде прв УС Опен по пауза од 17 години на кој нема да настапат бранителите на трофејот Рафаел Надал и Бјанка Андрееску.

Пандемијата и строгите здравствени протоколи се главните причини поради кои оваа сезона голем број од тенисерите го откажаа настапот во Њујорк.

Од првите 10 кај мажите на терените на Флешинг Медоуз нема да се појават тројца. Покрај светскиот рекет број 2 и актуелен шампион Надал ќе недостасуваат уште Роџер Федерер и Гаел Монфис.

А ако се земат в предвид првите 100 тенисери на светот ќе отсуствуваат вкупно 10 играчи меѓу кои има и фаворити за највисок пласман како што Стан Вавринка и Кеи Нишикори, а турнирот во Њујорк ќе го пропуштат уште неколку познати имиња како Ник Кириос, Жо Вилфред Цонга, Лукас Пује и повредениот Хуан Мартин дел Потро.

Далеку посериозна е ситуацијата кај дамите. Од Топ 10 ќе отсуствуваат шест тенисерки. Покрај Андрееску во Њујорк не допатуваа Ешли Барти, Симона Халеп, Елина Свитолина, Кики Бертенс и Белинда Бенчиќ. А од првите 100 најдобри уште 15 нема да бидат дел од првиот Гренд слем во сезоната.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мбапе со рекорд ја одведе Франција до стартна победа на Мундијалот

Sportska Redakcija

Серена и Венус Вилијамс добија вајлд-карта за Вимблдон

Sportska Redakcija

Проблем за Тухел пред стартот на Мундијалот: Ливраменто отпадна од составот на Англија

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе