Македонија

Максим се роди 820 грама, од Гинекологија си замина со 2.400 грама

Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство соопшти дека денеска од болницата е отпуштено предвреме роденото бебе Максим, кое дојде на свет на 5 јуни во 25-та гестациска недела.

Максим се роди со родилна маса од само 820 грама, а од Клиниката за гинекологија замина со 2.400 грама. Неговата мајка, Роза Апостоловска од Скопје се породи со царски рез и Максим и нејзино прво дете, се наведува во соопштението од Министерството за здравство.

Новороденчето помина 40 дена на Одделот за интензивна нега и терапија и беше на механичка вентилација. Од Клиниката, како што се посочува, замина во добра општа состојба и со пораст на телесната маса, по два и пол месечната грижа на педијатрите и целокупниот медицински персонал.

-Благодарение на добрата организација и на постојаното доопремување со најсовремена апаратура за предвремено родени бебиња на Одделот за интензивна нега и терапија добивме уште една битка за живот. Го испративме Максим дома со радост и желби за среќно и безгрижно детство, истакнуваат од Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео)Мицкоски задоволен од средбата со Мерц на вториот ден од Самитот ЕУ–Западен Балкан

Tea Dimkovska

Пријателска средба со францускиот претседател – Мицкоски со Макрон во Тиват

Дејан Дејан

Рокас: Уставните измени се клучни за напредок кон ЕУ

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе