Вести Свет Топ вести

Европа со различни мерки за отворањето на училиштата

Европските земји со различни ставови за тоа дали да се отворат училишнте врати за учениците да се вратат на стариот начин на учење. Се истражуваат бројни начини за децата да бидат безбедни додека се на училиште. СЗО предупреди дека маската ќе биде задолжителна и кај најмладите. Децата од шест до 11 години ќе мора да ја носат маската во борбата против корона вирусот, иако сето тоа ќе зависи од локалните фактори и критериуми. Студиите велат дека децата можат да бидат преносители на вирусот, но ако го добиете од нив, тоа ќе биде во поблага форма. Сепак вирусот може да влезе во училиштата, предупредуваат од здравствената организација.

Најголем дел од децата се со благи симптоми на болеста, иако некои може да имаат сериозни, а некои може и да умрат. Децата можат да го пренесат вирусот, но има разлика во нивото на преносот во зависност од возраста, од кои најмладите најмалку пренесуваат. Ова се студии кои се уште се во процес. Но, ако има трансмисија во општината, тогаш секако ќе влезе и во училишниот систем, изјави доктор Мариа Ван Керхове од СЗО. 

 Во делови од Англија, учениците веќе седнаа на училишните клупи, но властите веќе се под притисок од родителите кои се збунети од постојаното менување на одлуките дали децата треба или не – да носат маски. Најновата одлука е дека децата над седум години маските треба да ги носат во ходниците за време на одморите. Училишните одбори со став дека голем дел од децата нема да можат да се контролираат дали маската ќе ја носат правилно, а и никој не гарантира дали маската ќе биде чиста – со оглед на тоа што учениците од пониските слоеви и во минатото носеле валкани униформи. Германија, која добро се спрваува со вирусот, останува на ставот учениците да ја почнат учебната година регуларно. Тука се и Данска и Норвешка. Но, ова се држави чии општества се дисциплинирани и се верува дека ќе ги почитуваат препораките. Италија, како прво европско жариште, воведува протокол на задолжително тестирање на учениците. Ако има повеќе од еден позитивен, во изолација оди цело одделение.

Тестирањето преку брис е решението, бидејќи дава една линија на периметар за кластерот и јасно е дека – таму каде имате поголем кластер ќе мора, ако треба, да го затворите целото училиште, или само одделението, или децата ќе останат дома. Но, тоа ќе биде привремено. Кога ќе се исчисти кластерот се враќаат во нормала, смета Пјерпаоло Саљиери, заменик министер за здравство на Италија. 

Од почетокот на пандемијата, училиштата се насочија кон виртуелното учење. Но, тоа беше само една бледа сенка на вистинското образование и многу од родителите жонглираа со работата и грижата за децата. Отворањето на училиштата на есен можеби ќе биде неконтролиран експеримент, но здравствените работници се уверени  дека носењето заштитна маска ќе го донесе посакуваниот успех.

Алиса Шутиноска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зоран Матевски-Новата Влада да продолжи да го гради концептот на интеркултурализам

Дејан Дејан

Иљаз побара турскиот јазик да биде рамноправен, Мицевски го покани да биде дел од Владата

Дејан Дејан

Во тешка здравствена состојба и неухрането почина 8 месечно бебе на пат кон скопските клиники

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе