Вести Култура Топ вести

Шилегов предлага реставрација на Универзална сала, и изградба на нова

Скопје не би било Скопје без Универзална сала и сето она што таа во себе го носи. Во исто време без сомнеж му недостасува нова концертна сала по сите модерни стандарди се ставовите на учесниците на денешната трибина.

  • Треба многу да се внимава во изборот дали реконструираме нешто или правиме нешто, дека голем удел во креирање на еден културен настан е како ви доаѓаат луѓето,  како се чувствуваат тие луѓе и како целиот тој простор е организиран од столчиња, акустика, до техника на оние што се внатре, вели Русе Арсов, в.д. директор на МКЦ.
  • Сакам да апелирам дека оваа сала беше и кино сала покрај сите функции која беше подготвена да ги извршува и дека во нејзината реконструкција или градењето на нова сала можеби треба да се размисли и за тоа. Скопје е град кој кубури со кина, вели Игор Иванов. 
  • Ставот е дека Универзална сала бидејќи претставува некаква меморија на градот таа треба да се реставрира, не да се замени со нова, па тоа да биде симбол бидејќи симбол е таа. Друго се што би се изградило на тоа место не би било симбол.  Вториот главен став на Асоцијацијата е дека вакви главни објекти кои се руинирани веќе не смее да ги има во градот, така што мора да се најде некое решение, смета Мартин Пановски, претседател на Асоцијација на архитекти

Свесен сум дека да се одлучува за културната инфраструктура на градот  е исклучително важно и одговорно и тоа ќе биде судбина на овој град во следните триесет до педесет години, вели Шилегов.

  • Мојот фаворит би бил да изградиме нов мултифункционален универзален објект како што е Универзална сала кај сегашните оранжерии на „Паркови и зеленило“, значи на самиот влез во Градскиот парк и тоа да биде обележје на македонската архитектура конкурсно решение и да се реновира, односно реставрира постојниот објект на Универзална сала, рече градоначалникот Шилегов. 

Шилегов  најави три опции кои се разгледуваат: реставрација, втората опција е две сали, нова и реставрирана и третата е нова сала на нова локација.

 

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Арсовски: Концертот на Пласидо Доминго ја позиционира Македонија на светската културна сцена

Дејан Дејан

САД донираа ново мобилно опертивно возило за Црвен крст за справување со кризи

Дејан Дејан

Комората на трговци незадоволна од скалестата маржа, бара нова средба со Владата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе