Култура Топ вести

Синдикатите на културата и образованието со опомена пред тужба до Министерството за култура

Со опомена пред тужба до Министерството за култура Синдикат на културата и Синдикатот за образование, наука и култура реагираат поради доцнење на платата за месец јули. Колективниот договор е потпишан во декември 2019 та година и  одредбата за плати која требаше да почне со  месец јули култирните работницисеуште ја немаат добиено . Денес вработените во Националната опера и балет реагираа со проестен собир .

Постојано во Министерството за култура се измислуваат некои нови процеси и процедури, дека има проблем со Антикорупциска, дека се избори па сега е најновото дека имало допис до Министерство за финансии дека нема пари во буџетот. Дека има пари ние гледаме на официјалната страна на Министерството и се прашуваме дали тој допис навистина постои. Се прашуваме зошто некој го кочи колективниот договор во културата во тоа министерство – Зоран  Данилов, СКРМ.

На културните работници им било посочено дека е можно да се пресметуваат и плати по старо и тие тоа нема да го прифатат, вели Данилов, туку единствено платата која е договорена според колективниот договор .

Го разбираме нетрпението на синдикалните организации со кои во изминатиот период имавме конструктивни преговори и  интензивно се работи на надминување на пречките за примена Колективениот договор, стои  во дописот на Министерството за култура.

Министерство за култура: Во меѓувреме светот, и Република Северна Македонија ги зафати здравствена криза која ни донесе многу нови предизвици за спроведување на програмскиот дел во културата, како и во финансискиот дел како што е исплатата на платите по новиот Колективен договор. Уверени сме дека деновиве ќе дојдеме до решение кое ќе ги задоволи барањата и можностите на сите субјекти вклучени на оваа тема.

Културните работници даваат рок до 25 август, во спротивно ќе покренат судски спор доколку не ја земат платата според новиот Колективен договор.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожар во куќа во центарот на Куманово

Дејан Дејан

Се сретнаа Лавров и Рубио, во Ријад почнуваат руско-американските разговори

Дејан Дејан

(ВИДЕО) Уникатна изведба на „Кармина Бурана“ со симфониските оркестри од Македонија, Грција и Бугарија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе