Македонија Топ вести

Вурусот се шири во Психијатриската болница Демир Хисар

Коронавирусот се шири во Психијатриската болница „Демир Хисар“. Денеска се регистрирани уште седум позитивни, од кои 6  пациенти и еден вработен. Сите се асимптоматски и изолирани во посебно одделение, заедно со останатите заразени.

Со ова вкупно во Психијатриската болница Демир Хисар позитивни се 28 лица, односно 25 пациенти и 3 вработени,   медициснка сестра и двајца од помошниот персонал. Минатата недела еден 73 годишен  штитеник од Психијатриската болница почина во градската болница  „8 Септември“  во Скопје поради компликации од КОВИД-19.  Како вирусот влезе во оваа установа, со вкупно 300 пациенти,  не се знае. Посетите се забранети, ниту пак пациентите можат да излезат од болницата, па  се претпоставува дека заразата ја донел некој од вработените.

Од друга старана, во општина Демир Хисар веќе стивнува кластерот на заболени кои се формираше после погреб во демирхисарско село. Вкупниот број на позитивни е 60, а во моментот активни се четириесетина  случаи. Од нив има и семејни кластери, но, најголем   број се од Психијатриксата болница, каде се очекуваат  резултатите о  за уште 22 пациенти кои биле во контакт со заболените.

Емилија Мисирлиевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Комисијата за хартии од вредност ги додели годишните награда за млади истражувачи за 2026

Дејан Дејан

Емотивна средба на семејствата на прерано починатиот фудбалер Аган и на Давид кој му посвети гол на својот врсник

Дејан Дејан

АХВ за две години спречила повеќе од 367 тони небезбедна храна да стигнат до потрошувачите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе