Вести Македонија

Ахмети: Премиер не се станува ниту со 46 пратеници

Откако лидерот на СДСМ, изјави дека не можете да се станете премиер со 15 пратеници, алудирајќи на барањето на интегративците за премиер, лидерот на ДУИ, Али Ахмети во ексклузивна изјава за весникот “КОХА”, вели дека премиер не може да стане ниту со 15, ниту со 46 пратеници.

“Ниту со 46 пратеници, не се станува премиер. Во оваа ситуација, на сите инволвирани страни им е потребна смиреност, мудрост и да размислуваат за највисоките интереси на државата. Можам да кажам дека ДУИ е фактор на стабилност во земјата. Ние внимателно ги анализираме ситуациите, нема да брзаме. Секоја чекор што ќе го преземаме, ќе го направиме во интерес и корист на државата, мирот, стабилноста и унапредувањето на поголемите процеси, како што се Охридскиот договор, Договорот од Преспа, Договорот за добрососедство, спроведувањто на законот за јазиците, борбата против криминалот и корупцијата. Но, во никој случај да не се избегнува од процесот на Ветинг. Секој ќе биде во партнерство со нас ако се согласув со овие точки. Вклучувајќи го и премиерот”, изјави ексклучиво за “КОХА”, Али Ахмети, лидер на ДУИ.

Запрашан да ја коментира идејата на шефот на СДСМ за укинување на министерствата без ресор, Ахмети проценува дека ова е прашање за кое се преговара, доколку партите доѓат до преговори и за ова точка. Тој, исто така, изјави дека во моментот нема ништо конкретно во однос на разговорите за формирање на новото парламентарно мнозинство и дека нема конкретен датум за средбата. “Ние анализираме, и работиме”, подвлече Ахмети.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 05.05.2024

Дејан Дејан

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе