Македонија Топ вести

Остри партиски пораки, но со подотворена врата

Нa три дена по конечните резултати од изборите, не се знае кој со кого ќе формира влада. Гласно се кажува кој со кого не сака да коалицира, се шепоти за посакуваните опции. Партиите си испраќаат остри пораки преку медиумите, но секогаш се остава и подотворена врата. Предизборната реторика на Заев дека е време ДУИ да замине во опозиција се замени со сигнали за коалиција. Тоа би било и наједноставната равенка, 46 пратеници од коалицијата „Можеме„, плус 15 од ДУИ, имаат мнозинство од 61 пратеник. СДСМ денеска, преку партиско соопштение, велат дека ќе формираат влада што ќе продолжи со истата политика.

Од ВМРО-ДПМНЕ засега нема информации со кого преговараат за формирање парламентарно мнозинство. Мицкоски денеска и на средбата со германската амбасадорка Енке Холштајн, рекол дека дека прават напори за составување влада на принципиелни основи и европски вредности.

Алијанса и Алтернатива синоќа отидоа дотаму што побараа од ЕУ да им го одземе легитимитетот на ДУИ како претставник на Албанците во Македонија.

ДУИ веќе најавија дека нема да коалицираат со партии што не ги поддржуваат Рамковниот и договорите со Бугарија и со Грција, а партиската потпретседателка Теута Арифи изјави дека ВМРО-ДПМНЕ не ги гледа како партнери во новата влада.Отфрлаат и коалиција со Левица,а полека се откажуваат од својот главен услов – премиер Албанец.

Во игра е повторно и менувањето на партискиот дрес.  СДСМ јавно повикаа „сите пратеници во наредниот парламентарен состав да се приклучат кон прогресивните сили„. Лидерот на Левица, Димитар Апасиев обелодени дека има информации за поткуп на 5 пратеници за да преминат во противничкиот табор. Тој засега најавува опозициско дејствување, иако не ја исклучува можноста да поддржи евентуална влада што би ја формирале ВМРО-ДПМНЕ и сите останати партии на Албанците, без ДУИ. Но, таа формула без БЕСА значи  59 пратеници, што веднаш ги отвора шпекулациите за можни пратенички трансфери и меѓу партиите на Албанците.

Комбинации има безброј, а партиите имаат уште шест дена да ги состават пред крајниот рок за свикување на седница и формирање на парламентарно мнозинство.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пропусти во исплатите и јавните набавки, склучување договори по истек на рок – вака се работело во Академијата за судии и јавни обвинители утврдија ревизорите

Дејан Дејан

Пред почетокот на жетвата земјоделците бараат од 15 до 18 денари за килограм пченица

Дејан Дејан

Бебе продадено за 500 евра, кривична за шест лица за „трговија со дете“

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе