Вести Македонија Топ вести

Насилниот советник во кабинетот на Чулев суспендиран по нападот врз полициски началник

Викаше, најпростачки го навредуваше и пцуеше, му ја скина кошулата, го тегнеше среде улица- поради ова 8 дена по изборите стигна суспензија за полицискиот инспектор од Тетово Зоран Ѓорѓиевски кој сериозните кривични дела ги стори додека беше државен советник во кабинетот на Чулев и тоа на изборниот ден, на 15-ти јули. Од своите колеги во внатрешната контрола доби кривични за две дела, а во дисциплинска постапка сега МВР ќе одлучува дали ќе го отпушти или ќе го остави да работи во полиција, насилникот од своите редови.

Внатрешната контрола констатира дека постои основано сомнение дека полицискиот службеник, државен советник за полициски и криминалистички работи на министерот за внатрешни работи сторил кривично дело насилство по член 386 став1 и малтретирање при вршење служба по член 143 од КЗ, напиша на ФБ, Славјанка Петровска, ДОПОЛНИТЕЛЕН ЗАМЕНИК МИНИСТЕР ВО МВР

Цел на нападот бил началникот на тетовската сообраќајна полиција Зоран Талев кој бил на увид на сообраќајна несреќа. Советникот имал овластувања од кабинетот да гони изборен криминал дента кога се гласаше, и тргнал во акција мислејќи дека се одвива обид за поткуп на гласачи и изборно кривично дело.

Но откако началникот му објаснил за увидот, сега осомничениот почнал да го тегне и да го пцуе по што е повикана дополнителна патрола за да го смири. Кога стигнало засилувањето, насилниот советник почнал да вика дека тој е цел на напад и заминал во болница. Но настанаот е расветлен затоа што имаше повеќе десетина снимки ос Во болница бил однесен и нападнатиот началник, кому лекарите му ставиле на вратот “шанцова кравата“ -средство за стабилизирање на главата.

Предметот сега е во рацете на специјализираното одделение за гонење на полицајци-криминалци во обвинителството за организиран криминал. На осомничениот Ѓорѓиевски му почнува суспензијата и нема да биде ниту дел од кабинетот во заминување на Чулев, ниту пак ќе се врати на старото инспекторско место во Тетово.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца прилепчани носеле 3 килограми марихуана и автомат со рент-а-кар

Дејан Дејан

Дејан Дејан

Договор во три фази кој вклучува повлекување на Израел од Газа – Хамас прифати предлог за примирје кое би водело до траен прекин на огнот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе