Вести Македонија Топ вести

Општина Чаир се уште не знае кој и што гради кај „Мавровка“ без никаква дозвола

Кај „Мавровка“ цел месец се гради со забрзано темпо и веќе се наѕира објектот кој е многу поголем од кафулето кое изгоре во пожар пред два месеци.

Јавноста се уште не знае кој и што гради, а непознато е дури и за надлежните.

„Тој и да го изгради истиот објект, мора да добие дозвола кај нас. Тоа го нема добиено. Луѓето што градеа таму, коишто ние ги прекинавме заедно со полицијата тој ден, ниту еден од нив не ни даде податоци бидејќи тие не беа инвеститори. Тие беа работници таму“ изјави Висар Ганиу, градоначалник на Општина Чаир.

Градоначалникот на Чаир, Ганиу, на прес-конференцијата соопшти дека утре започнува да тече рокот од осум дена за непознатиот инвеститор сам да земе и да урне тоа што го изградил досега.

„Објавивме во два весника и денес е втората објава кај нас. Фактички, од утре траат тие осум дена. Инвеститорот се задолжува да го отстрани изградениот објект без одобрение за градба и неговата законска можност во иднина е да достави барање до нас за враќање на објектот во првобитната состојба. Секогаш во согласност со Законот за градење“ изјави Висар Ганиу, градоначалник на Општина Чаир.

Ако инвеститорот не урне сам, од Општината најавуваат тендер за уривање на објектот. Нема друг начин да се реши овој објект, затоа што од правен аспект не постои начин истиот да се легализира.

Било какви дозволи и документи во корист на инвеститорот може самиот тој да бара откако местото ќе се врати во првобитната состојба.

„Барање за утврдување на правен статус на бесправен објект, инвеститорот во овој случај нема бидејќи истечен е рокот за поднесување на барање. Така што, единствена можност е согласно Законот за градење тој да достави барање за да го изгради објектот или да го врати во првобитна состојба“ изјави Арта Фазлиу Салиху, правник.

Први кои дошле на терен да видат што се гради на местото каде што изгоре угостителски објект се комуналните инспектори на Град Скопје, кои потоа ги алармирале другите институции.

Инспекторите немаат лесна работа да го пронајдат инвеститорот без таблите со информации кои вообичаено се среќаваат на секое градилиште.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Емотивна средба на семејствата на прерано починатиот фудбалер Аган и на Давид кој му посвети гол на својот врсник

Дејан Дејан

Претставници од стотина компании и институции на првиот ИКТ форум Македонија – Грција, договорија соработка и доверба

Дејан Дејан

АХВ за две години спречила повеќе од 367 тони небезбедна храна да стигнат до потрошувачите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе