Спорт Тенис

Нови казни за лажирање на тениски мечеви

Антикорупциската тениска организација објави дека им изрекла казни на судии и директори на турнири кои во текот на 2019 година лажирале мечеви. Белорусинот, Алексеј Изотов доби забрана вршење на сите активности во тенисот и казна од 10.000 долари за манипулација со резултатите за време на ИТФ турнир во женска конкуренција кој се одржал во Минск во текот на ноември минатата година.

Во исто време казна од забрана за работа во траење од 20 месеци и 6000 долари добил директор на турнир во Грција, Антонос Калаицакис, кој е обвинет за он-лајн обложување. Тој во периодот од 2013 до 2016 година 126 пати се обложувал на мечевите на турнирите каде што бил ангажиран како директор

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Чаир преку Вардар до финалето на Купот

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Галевски му донесе историско финале на Алкалоид

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Ѓорче Петров убедлив против бранителот на трофејот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе